• четврток, 04 декември 2025

Сабаленка кај жените и Фриц кај мажите полуфиналисти на Вимблдон

Сабаленка кај жените и Фриц кај мажите полуфиналисти на Вимблдон

Лондон, 8.јули 2025 (МИА) - Арина Сабаленка и Тејлор Фриц се првите полуфиналисти на Вимблдон откако денеска остварија победи  во четвртфиналните мечеви против Лаура Зигмунд односно Карен Качанов.

Најдобрата тенисерка на светот Сабаленка со пресврт стигна до победа од 2:1 во сетови (4:6; 6:2 и 6:4) откако го загуби првиот сет од 37-годишната тенисерка од Германија Зигмунд. Во решавачкиот сет победничката успеа на крајот од мечот на направи серија од три гема и од негатива од 3:4 во гемвои да стигне до 6:4. Воедно Сабаленка се избори за третото полуфинале на Вимблдон во кариерата.

Нејзина противничка во четврток ќе и биде победничката од мечот меѓу Аманда Анисимова и Анастасија Павличенкова.

Кај мажите полуфинале избори Американецот Фриц (петти носител), кој со 3:1 во сетови (6:3; 6:4; 1:6 и 7:6(4)) го победи Качанов. Фриц ја потврди фаворитската улога и стигна до најголемиот успех во кариерата на Вимблдон пласман во полуфинале.

Негов следен ривал ќе му биде победникот од мечот меѓу Карлос Алкараз и Камерон Нори.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан