• сабота, 21 декември 2024

Рјабков: Русија ќе одговори на евентуалните нуклеарни тестирања на САД

Рјабков: Русија ќе одговори на евентуалните нуклеарни тестирања на САД

Москва, 5 октомври 2024 (МИА) - Ако Соединетите Американски Држави преземат мерки за обновување на тестирањето на нуклеарното вооружување, Руската Федерација веднаш ќе реагира на ист начин, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

- Нашето оружје нема да зарѓа. Веднаш ќе одговориме на ист начин, рече Рјабков.

Коментирајќи го руското повлекување на ратификацијата на Договорот за севкупна забрана на нуклеарни проби во ноември 2023 година, Рјабков истакна дека „Русија изгуби трпение“.

- Чекавме 23 години, точката е ставена. Што ќе се случи понатаму е отворено прашање. Одговорот зависи од ставот што ќе го заземат САД и нивните сојузници, изјави Рјабков.

Тој тврди дека повлекувањето на ратификацијата не значи повлекување од Договорот, и Русија продолжува да се однесува согласно него.

Русија минатиот октомври официјално ја отповика ратификацијата на Договорот за севкупна забрана на нуклеарни проби, и така застана во редот со САД и уште осум земји кои не го признаваат тој договор. ссм/

фото: архива

Остани поврзан