Руте: НАТО на Балтикот започнува нова мисија за заштита на подморските кабли
- -Мисијата меѓу другото ќе вклучи низа средства, меѓудругото и фрегати и поморски патролни авиони, а таа ќе го зајакне нашето присуство на Балтикот, рече Руте.

Хелсинки, 14 јануари 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска објави дека НАТО започнува нова мисија за заштита на подморските кабли во регионот на Балтичкото Море.
-Мисијата меѓу другото ќе вклучи низа средства, меѓудругото и фрегати и поморски патролни авиони, а таа ќе го зајакне нашето присуство на Балтикот, рече Руте.
Тој додаде дека ќе биде распоредена и мала флота од поморски беспилотни летала „за да се обезбеди засилен надзор“.сд/
фото:МИА архива