• петок, 05 декември 2025

Руте: Европските сојузници не треба да се грижат за поддршката на САД за НАТО

Руте: Европските сојузници не треба да се грижат за поддршката на САД за НАТО

Хаг, 24 јуни 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека европските сојузници не треба да се грижат за посветеноста на САД кон НАТО.

-Постои целосна посветеност на американскиот претседател (Доналд Трамп) и високото раководство на САД кон НАТО, рече Руте пред почетокот на самитот на НАТО, додавајќи дека таквата поддршка доаѓа со очекување европските земји и Канада да трошат повеќе за одбраната.

Денеска во Хаг започнува дводневен самит на НАТО, чии учесници ќе разговараат за зголемување на трошоците за одбрана, зајакнување на производството на одбрана и продолжување на помошта за Украина.

Холандскиот министер за одбрана, Рубен Брекелманс, изјави дека очекува три важни исходи од самитот на НАТО.

„Првиот, се разбира, е одлуката за пет проценти од трошоците за одбрана, за која мора да се согласат 32 сојузници. Ова ќе биде важен чекор, историска одлука за зајакнување на нашата одбрана и одвраќање на Русија и во иднина“, изјави тој за Укринформ, додавајќи дека на самитот ќе се дискутира и за одбранбената индустрија и за поддршката за Украина.сд/

фото:ЕПА

 

 

Остани поврзан