• понеделник, 18 ноември 2024

Руското Министерство за одбрана: Процесот на предавање на вооружувањето на Вагнер е при крај

Руското Министерство за одбрана: Процесот на предавање на вооружувањето на Вагнер е при крај

Москва, 12 јули 2023 (МИА) - Руската приватна воена компанија „Вагнер“ речиси го заврши процесот на предавање на вооружувањето на редовната Армија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, цитирано од британски медиуми.

Платениците веќе предале повеќе од две илјади парчиња опрема, вклучувајќи тенкови и проектили, како и 2.500 тони разновидна муниција.

Ова е дел од договорот што Вагнер и Кремљ го направија за ставање крај на бунтот на борците на Евгениј Пригожин што избувна кон крајот на минатиот месец. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан