Руски функционер: Сиријците сега ќе треба самите да се справат со граѓанската војна
- Сиријците сега ќе треба самите да се справат со граѓанската војна, изјави денеска Константин Косачев, заменик-претседател на Горниот дом на рускиот парламент. Ова е прва реакција од Москва за падот на сирискиот претстедател Башар ал Асад, кого Москва со години го поддржуваше и спасуваше од бунтовниците.

Москва, 8 декември 2024 (МИА) - Сиријците сега ќе треба самите да се справат со граѓанската војна, изјави денеска Константин Косачев, заменик-претседател на Горниот дом на рускиот парламент. Ова е прва реакција од Москва за падот на сирискиот претстедател Башар ал Асад, кого Москва со години го поддржуваше и спасуваше од бунтовниците.
Косачев ја даде изјавата утрово, откако сириските бунтовници објавија дека го собориле Ал Асад.
Русија со години беше верен сојузник на Асад и интервенираше во 2015 година за да го поддржи за време на сириската граѓанска војна. Но, Русите го напуштија кога бунтовниците започнаа молскавична офанзива која на крајот го собори. ссм/
фото: архива