Руски парламентарци бараат од Путин да ги признае сепаратистичките области во Украина
- Руските парламентарци апелираа до Думата да побара од претседателот Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички области во источна Украина како независни држави, додека Украина и З

Москва, 20 јануари 2022 (МИА) - Руските парламентарци апелираа до Думата да побара од претседателот Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички области во источна Украина како независни држави, додека Украина и Западот стравуваат од руска инвазија на Украина.
Поради акумулацијата на војници долж границата со Украина, многумина стравуваат од можен руски напад. Русија го анектира Крим во 2014 година и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина кои војуваат со украинската армија од 2014 година.
Во предлогот за резолуција од 11 пратеници, вклучително и претседателот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов, се вели дека Русија треба официјално да ги признае двете самопрогласени републики како независни држави за да ги заштити жителите од надворешни закани.