• недела, 22 декември 2024

Руски дронови гаѓаа украинска енергетска инфраструктура, делови од земјата без струја

Руски дронови гаѓаа украинска енергетска инфраструктура, делови од земјата без струја

Москва, 22 мај 2024 (МИА) - Руски беспилотни летала погодија електрани рано утринава и ја исклучија електричната енергија во некои делови од регионот Суми во северна Украина, соопштија властите.

Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија.

Според регионалните власти, украинските воздухопловни сили собориле седум дронови користени во нападот.

Службите за итни случаи работат на враќање на струјата во три окрузи.

Украинската војска соопшти дека соборила 24 беспилотни летала лансирани од Русија во нападот во текот на ноќта врз пет други региони на југот и на истокот на земјата.

Пред нешто повеќе од една недела, руските сили ја преминаа границата и почнаа да навлегуваат во североисточниот регион Харков, а властите предупредија на трупање војници и можен напад врз соседниот Сумска област. паг/

Фото: МИА архива


 
 

 
 

 

 

Остани поврзан