Руските опозициски политички активисти во прогонство повикуваат на антивоени демонстрации во Берлин
- Руските опозициски политички активисти кои живеат во егзил повикаа да се одржат демонстрации во Берлин на 17 ноември против тековната руска инвазија на Украина, започната по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.
Берлин, 30 октомври 2024 (МИА) - Руските опозициски политички активисти кои живеат во егзил повикаа да се одржат демонстрации во Берлин на 17 ноември против тековната руска инвазија на Украина, започната по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.
„Мораме да си покажеме себеси и на целиот свет дека постои антимилитаристичка и слободна Русија“, рече опозициската активистка Јулија Навална во видео пораката објавена на социјалните мрежи.
Таа се приклучи со нејзиниот повик кон двајцата познати критичари на Кремљ - Илја Јашин и Владимир Кара-Мурза.
Тројцата опозициски активисти најавија протестен марш во Берлин каде ќе побараат оставка од Путин, повлекување на руските војници од Украина и ослободување на сите политички затвореници во Русија.
Со западна поддршка, Украина се бори против целосна руска инвазија повеќе од две и пол години. Земјата има конфликт од помал обем со Русија од 2014 година, кога руските сили го окупираа украинскиот полуостров Крим.
Јашин и Кара-Мурза отслужуваа долги казни во Русија поради нивниот антивоен став и беа депортирани од својата татковина како дел од договорот за размена на затвореници во август.
Покојниот сопруг на Јулија, Алексеј Навални, кој исто така беше гласен критичар на режимот на Путин, почина во руски затвор во февруари под неразјаснети околности. рп/
Фото: МИА архива