Рускиот суд му одреди затвор на американски војник за закани и кражба
- Руски суд донесе затворска пресуда за американски војник поради смртни закани и кражба, јавија државните медиуми во Русија. Гордон Блек е осуден на три години и девет месеци затвор од судот во Владивосток.
Москва, 19 јуни 2024 (МИА) - Руски суд донесе затворска пресуда за американски војник поради смртни закани и кражба, јавија државните медиуми во Русија. Гордон Блек е осуден на три години и девет месеци затвор од судот во Владивосток.
Блек (34) беше уапсен минатиот месец во градот на далечниот исток, каде што бил на посета кај Русинка со која се сретнал и се забавувал додека служел во Јужна Кореја.
Тој беше приведен откако жената, која руските медиуми ја именуваат како Александра Вашук, по расправија го пријавила во полиција.
Вашук го обвини Блек дека и украл околу 10.000 рубли (100 евра) и рече дека физички ја нападнал.
Блек се изјасни за „делумно виновен“ за кражба и невин за заканата дека ќе ја убие Вашук, објавија руските медиуми.
Двојката се запознала во октомври 2022 година на апликацијата Тиндер во Јужна Кореја и се запознале таму, пред Вашук потоа да го покани да дојде во Владивосток.
Неговиот адвокат има намера да поднесе жалба на пресудата. мс/
фото: МИА архива