• петок, 22 ноември 2024

Рускиот вселенски брод „Прогрес“ пристигна на Меѓународната вселенска станица

Рускиот вселенски брод „Прогрес“ пристигна на Меѓународната вселенска станица
Москва, 25 април 2020 (МИА) - Рускиот вселенски брод „Прогрес“ со повеќе од 2,5 тони товар денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица. „Прогрес“ беше лансиран од космодромот Бајнокур во Казахстан, а на Меѓународната всленска станица пристигна за три часа и 20 минути, со што стана најбрз вселенски брод во историјата на летови кон Станицата, што се наоѓа во ниската орбита на Земјата. Товарниот брод превезуваше гориво, вода, опрема за научни експерименти, храна, облека и лекови. На Меѓународната вселенска станица во моментот претстојуваат американскиот астронаут Крис Кесиди и руските космонаути Иван Вагнер и Анатолиј Иванишин. Меѓународната вселенска станица е редок пример на меѓународна соработка, што не е загрозен од тензиите помеѓу Русија и западните земји. ми/

Остани поврзан