• понеделник, 26 август 2024

Руската паравоена група „Вагнер“ повеќе не учествува во борбите во Украина

Руската паравоена група „Вагнер“ повеќе не учествува во борбите во Украина

Москва, 26 август 2024 (МИА) – Руската паравоена група „Вагнер“ денеска соопшти дека нејзини припадници веќе не се борат во Украина и оти сега се ангажирани само во Африка и во Белорусија.

Украина вчера ја повика Белорусија да ги повлече силите што ги распореди долж заедничката граница, наведувајќи дека тоа ги вклучува белоруските специјални сили и поранешните членови на паравоената група „Вагнер“.

Групата претходно беше вклучена во војната во Украина и имаше клучна улога во руската окупација на украинскиот град Бахмут во мај 2023 година.

Основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин во јуни 2023 година организираше неуспешен бунт против руското воено раководство. Тој загина во авионска несреќа на 23 август 2023 година, северозападно од Москва. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан