Руската војска ноќеска соборила 128 украински дрона
- Воздушната одбрана пресретна и уништи 83 дрона над Краснодарскиот регион, во југозападна Русија, и 30 над полуостровот Крим, што беше анектиран во 2014 година, се наведува во соопштението.

Москва, 26 февруари 2025 (МИА) - Руската армија ноќеска собори 128 украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучително и анектираниот Крим, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Воздушната одбрана пресретна и уништи 83 дрона над Краснодарскиот регион, во југозападна Русија, и 30 над полуостровот Крим, што беше анектиран во 2014 година, се наведува во соопштението.
Цел на напади со беспилотните летала беа и руските региони Брјанск и Курск, на границата со Украина.
Нема информации дека е предизвикана штета од соборените дронови.
Во последниве месеци, Киев ги засили воздушните напади врз енергетските и воените објекти на руска територија, како одговор на бомбардирањето на украинските градови и енергетските мрежи од февруари 2022 година.сд/
фото:Скриншот од Х