• среда, 25 март 2026

Русија ја повика Шведска да ги идентификува сторителите на нападот со дрон врз нивната трговска мисија во Стокхолм

Русија ја повика Шведска да ги идентификува сторителите на нападот со дрон врз нивната трговска мисија во Стокхолм

Москва, 7 јули 2025 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ја повикало Шведска да ги идентификува сторителите на нападот со дрон кој фрлал боја врз трговската мисија во Стокхолм.

Во соопштението се вели дека е поднесен протест до вршителот на должноста амбасадор на шведската амбасада во Русија кога бил повикан во руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека руското министерство побарало шведските власти да ги исполнат своите обврски според Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Руската амбасада во Стокхолм претходно соопшти дека руската трговска мисија повторно била нападната, при што врз неа била фрлена боја од дрон, и дека слични инциденти се случуваат повеќе од една година.

Руската амбасада побарала локалните власти да спроведат целосна истрага за нападите со дронови врз руската амбасада и трговската мисија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан