Русија ја обвини Украина дека вчера извршила 14 напади врз руски енергетски објекти
- Министерството за одбрана на Русија денеска ја обвини Украина дека вчера извршила 14 напади врз локациите на руската енергетска инфраструктура и покрај мораториумот со посредство на САД на нападите врз такви објекти.

Москва, 5 април 2025 (МИА) - Министерството за одбрана на Русија денеска ја обвини Украина дека вчера извршила 14 напади врз локациите на руската енергетска инфраструктура и покрај мораториумот со посредство на САД на нападите врз такви објекти.
Нападите предизвикаа штета во регионите Брјанск, Белгород, Смоленск, Липецк и Воронеж, како и во украинските региони Луганск и Херсон, чии делови се под контрола на Москва, се вели во соопштението.
-Од утрото во петокот, 4 април, режимот во Киев, спротивно на сите изјави и обврски на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски на американската страна да ги запре нападите врз руските енергетски објекти во период од 30 дена, постојано го зголемува бројот на еднострани напади со помош на беспилотни летала и артилериска муниција против енергетската инфраструктура на руските региони, соопшти руското Министерство. мс/
фото: МИА архива