• петок, 05 декември 2025

Во Истанбул уапсени најмалку 30 луѓе кои се обиделе да учествуваат на Парадата на гордоста

Во Истанбул уапсени најмалку 30 луѓе кои се обиделе да учествуваат на Парадата на гордоста

Истанбул, 29 јуни 2025 (МИА) -Турската полиција денеска во центарот на Истанбул уапси најмалку 30 луѓе кои се обиделе да учествуваат на Парадата на гордоста, која властите ја забранија во склоп на повеќегодишното сузбивање на ЛГБТКју+ настаните, изјави опозициската политичарка Кезбан Конукчу.

На снимка објавена на социјалните медиуми се гледа како полицијата се судира со група активисти кои носат знамиња во боите на виножитото во центарот на градот, пред да ги уапсат и спроведат во полициски комбиња.

Конукчу, пратеничка од прокурдската ДЕМ партија кој присуствуваше на маршот, рече дека најмалку 30 лица се уапсени. јт/

Фото: Конукчу на Х

Остани поврзан