• недела, 22 декември 2024

Русија ја обвини Велика Британија дека го користи коридорот на Црното Море за испорака на оружје во Украина

Русија ја обвини Велика Британија дека го користи коридорот на Црното Море за испорака на оружје во Украина

Москва, 30 октомври 2024 (МИА) - Русија денеска ја обвини Велика Британија дека го користи црноморскиот коридор за жито за испорака на оружје во Украина и ги отфрли тврдењата на Лондон дека руските напади врз украинските пристаништа го нарушиле снабдувањето со жито во други земји.

Британскиот премиер Кир Стармер минатата недела изјави дека зголемените руски напади врз украинските пристаништа на Црното Море ја одложуваат критичната помош за Палестинците и го запираат клучниот дотур на жито за глобалниот југ.

Обединетите нации минатата недела соопштија дека од 1 септември, руските напади врз украинските пристаништа на Црното Море оштетиле шест цивилни бродови, како и инфраструктурата за жито и ја нарекоа ескалацијата на нападите „вознемирувачка“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека тврдењата на Стармер дека Москва со своите удари ја нарушува глобалната безбедност на храната се далеку од вистината.

„Оваа неоснована, но гласна огорченост од страна на Лондон уште еднаш го потврдува токму спротивното - директното учество на Велика Британија во снабдувањето со оружје на режимот во Киев преку поморскиот коридор во Црното Море“, изјави таа  Захарова.

Украина е еден од најголемите светски производители на пченица и пченка и извезуваше околу шест милиони тони жито месечно преку Црното Море пред Русија да испрати војници во земјата во 2022 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан