Русија уапси романски државјанин под сомнение за шпионажа за Украина
- Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсила романски државјанин во градот Сочи под сомнение за шпионажа во корист на Украина.
Москва, 25 април 2025 (МИА) - Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсила романски државјанин во градот Сочи под сомнение за шпионажа во корист на Украина.
Според соопштението, романскиот државјанин, роден во 2002 година, бил обвинет дека во текот на летото 2024 собирал и им предавал на украинските служби информации за локации во Сочи каде што биле распоредени руски противвоздушни системи. ФСБ тврди дека како награда му било понудено безбедно напуштање на Русија и приклучување во украинската армија.
ФСБ додава дека лицето е осомничено за шпионажа – дело за кое во Русија се предвидува казна затвор до 20 години. Руските медиуми објавија видео на кое се гледаат двајца агенти како го апсат младиот човек и го положуваат на земја. За време на испрашувањето, со заматено лице, тој зборува на англиски јазик и признава дека пратил информации за руска противвоздушна батерија на лице поврзано со украинските служби. ссм/