Русија тврди дека одбила напад на украински дрон на претпријатие во Самарската област
- Одбиен е напад на украински дрон на индустриско претпријатие во Самарската област на Русија, соопшти гувернерот Вјачеслав Федоришчев.
Москва, 30 август 2025 (МИА) – Одбиен е напад на украински дрон на индустриско претпријатие во Самарската област на Русија, соопшти гувернерот Вјачеслав Федоришчев.
- Рано утрово, непријателот се обиде да нападне индустриско претпријатие во Сизран. Тоа беше спречено, се наведува во објавата на рускиот функционер, пренесува Интерфакс.
Украинската војска денеска соопшти дека во текот на ноќта нападнала руски рафинерии за нафта во Краснодарскиот крај и Самарската област. јт/
Фото: Телеграм