• недела, 22 декември 2024

Русија: Поради апсурдноста на тужбата, не присуствувавме на сослушување во Меѓународниот суд за правда

Русија: Поради апсурдноста на тужбата, не присуствувавме на сослушување во  Меѓународниот суд за правда
Амстердам, 9 март 2022 (МИА) - Русија не присуствуваше на сослушување во Меѓународниот суд за правда во судски спор покренат од Украина, која бара да ги запре непријателствата на нејзината територија, поради „апсурдноста“ на тужбата. Ова се наведува во денешната објава на Твитер, на руското Министерство за надворешни работи. Според британски медиуми, станува збор за прв јавен став на Министерството за тоа прашање. Русија не присуствуваше на сослушувањето во понеделникот во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, суд на ОН за решавање спорови меѓу нации. Украина тврдеше дека Русија погрешно се обидела да ја оправда својата инвазија со лажни тврдења, дека напаѓала во самоодбрана со цел да спречи геноцид. бд/зш/

Остани поврзан