• понеделник, 14 октомври 2024

Русија објави дека повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани од областите долж границата со Украина

Русија објави дека повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани од областите долж границата со Украина

Москва, 14 октомври 2024 (МИА) - Околу 30.415 луѓе, вклучително и речиси 8.000 деца, се евакуирани од областите што граничат со Украина поради гранатирање и напади, изјави рускиот омбудсман Татјана Москалкова. Во интервју за Аргументи и факти, Москалкова рече дека евакуираните се засолнети во речиси 1.000 центри за привремено сместување низ Русија.

Москалкова рече дека примила пријави за повеќе од 1.000 руски државјани од Курск, чии места се непознати и кои се тврди дека биле киднапирани од украинските сили.

Засега нема потврда од западни медиуми ниту од Киев за податоците што ги презентира Москалкова. Двете страни негираат дека нападнале или држат цивили во заробеништво.

Во интервјуто, Москалкова изјавила и дека посетила над 2.000 украински воени затвореници во Русија и дека нејзиниот колега во Украина имал слични посети на руски затвореници. зш/

Остани поврзан