Хуманитарната помош од ЕУ за Сирија доцни поради царински процедури
- Европската Унија планираше утре да достави 50 тони хуманитарна помош во Сирија, но испораката е одложена и ќе се реализира следната недела, изјави претставничка на Светската здравствена организација (СЗО).
Брисел, 30 декември 2024 (МИА) - Европската Унија планираше утре да достави 50 тони хуманитарна помош во Сирија, но испораката е одложена и ќе се реализира следната недела, изјави претставничка на Светската здравствена организација (СЗО).
Пратката, која беше превезена од Дубаи до Истанбул, содржи медицински материјали, анестетици и лекарства за спречување епидемии. Помошта е наменета за градовите Алепо и Идлиб, погодени од долгогодишната граѓанска војна.
По завршувањето на царинските формалности, испораката ќе се пренесе преку граничниот премин „Чилвегозу“ во Турција. Пратката вклучува и 8000 хируршки комплети за итни случаи. ссм/
фото: архива