• четврток, 22 февруари 2024

Русија го стави портпаролот на Мета на листата на барани лица

Русија го стави портпаролот на Мета на листата на барани лица

Москва, 26 ноември 2023 (МИА) - Русија го стави портпаролот на Мета Платформи, Енди Стоун, на листа на барани лица со неспецифирани обвиненија. Стоун е наведен на списокот на барани лица на Министерството за внатрешни работи на Русија, без дополнителни детали. 

Во октомври 2022 година, Русија ја прогласи Мета како „терористичка и екстремистичка“ организација, отворајќи можни криминални истраги и казни за корисниците во земјата.

Русија ја загрози слободата на медиумите и социјалните медиуми откако ја започна својата офанзива во Украина минатата година и ја забрани критиката за воените дејствија.

Фејсбук и Инстаграм се блокирани во Русија од почетокот на офанзивата во Украина и се достапни само преку VPN. Забранет е и Твитер, како и руските независни медиуми кои го критикуваат Кремљ.

Пред забраните, милиони Руси користеа апликации кои припаѓаат на Мета, особено Инстаграм, кој останува многу популарен кај младите Руси. зш/

Остани поврзан