• петок, 22 ноември 2024

Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев

Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев

Киев, 6 октомври 2024 (МИА) - Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека руските сили синоќа го нападнале Киев со неколку групи нападни беспилотни летала, но дека сите руски дронови биле соборени од украинските сили за воздушна одбрана над предградијата и главниот град на Украина.

Попко изјави дека во нападот нема жртви или материјално уништување, пренесоа украинските медиуми.

-Нападите беа извршени во бранови и од различни правци. Тревогата за воздушен напад беше објавена три пати и траеше вкупно повеќе од пет часа, рече Попко.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан