• среда, 03 јули 2024

Русија в петок ќе ја лансира првата сонда кон Месечината по 50 години

Русија в петок ќе ја лансира првата сонда кон Месечината по 50 години

Москва, 7 август 2023 (МИА) - Русија денеска објави  дека в петок ќе ја лансира својата вселенска сонда „Луна-25“ за истражување на Месечината, што ќе биде прва мисија од ваков вид во речиси 50 години, јави ДПА.

Планираното лансирање на сондата во 2022 година беше одложено поради технички проблеми.

Сондата на автоматската лансирна рампа „Сојуз“ , на новиот космодром „Восточни“, ќе биде донесена утре, јави денеска руската вселенска агенција Роскосмос.

Лансирањето е планирано за в петок во 9,10 часот по локално време.

ДПА појаснува дека оваа мисија допсега е повеќепати одложувана бидејќи првично планирано лансирање на лунарната сонда беше закажано за 2012 година, а последен пат датум беше поставен за мај 2022 година.

„Луна-25“ е дел од руската лунарна програма што предвидува изградба на вселенска станица на Земјиниот сателит до 2040 година.

Москва последен пат испрати сонда „Луна-24“ на Месечината во 1976 година кога Русија тогаш беше дел од Советскиот Сојуз.

„Луна-25“ треба да помогне во развојот на технологија за меки слетувања. За да го направи ова, таа ќе собира и анализира примероци од почвата од Месечината. Планираните научни истражувања вклучуваат и проучување на површинските слоеви во областа на јужниот пол на Месечината, како и нејзината екосфера, додава ДПА. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан