Русија врши „масовно бомбардирање“ врз украинската енергетска инфраструктура
- „Инфраструктурата за дистрибуција на енергија и пренос на гас во неколку украински области повторно е изложена на масирано бомбардирање со дронови и ракетни напади“, напиша Галушченко на „Фејсбук“.

Киев, 7 март 2025 (МИА) - Руските вооружени сили денеска спроведуваат масовни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, соопшти украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.
„Инфраструктурата за дистрибуција на енергија и пренос на гас во неколку украински области повторно е изложена на масовно бомбардирање со дронови и ракетни напади“, напиша Галушченко на „Фејсбук“.ссм/
фото: архива