Русија вели дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина
- Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили го зазеле селото Олександро-Калиново во регионот Донецк во источна Украина.

Москва, 2 август 2025 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили го зазеле селото Олександро-Калиново во регионот Донецк во источна Украина.
Руските медиуми објавија дека руските сили го кренале руското знаме над селото.
Видео објавено од руското Министерство за одбрана, исто така, прикажува сцени од борбите за селото, вклучувајќи го и уништувањето на упориштата и складиштето за муниција. мс/
фото: МИА архива