• понеделник, 23 декември 2024

Руд го победи Зверев во три сета и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

Руд го победи Зверев во три сета и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

Париз, 10 јуни 2023 (МИА) - Норвешкиот тенисер Каспер Руд вчеравечер во полуфиналето на Ролан Гарос го победи Германецот Александар Зверев со 6:3, 6:4 и 6:0. Мечот траеше 2 часа и 11 минути. 

 

Дваесет и четиригодишниот Норвежанец оствари пет асови и една грешка на вториот сервис, како и шест реализирани брејк топки од 10. 

 

Две години постариот Германец имаше три сервиси, две двојни грешки и една реализирана брејк-топка од девет шанси.

 

Во финалето четвртиот светски рекет ќе се сретне со Србинот Новак Ѓоковиќ, кој во полуфиналето го победи Шпанецот Карлос Алкарас (6:3, 5:7, 6:1, 6:1).

 

Наградниот фонд на Грен слемот во Париз изнесува 49,6 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан