• петок, 21 февруари 2025

Рубио рече дека жителите на Газа ќе бидат „привремено преместени“ за време на реконструкцијата на енклавата

Рубио рече дека жителите на Газа ќе бидат „привремено преместени“ за време на реконструкцијата на енклавата

Вашингтон, 7 февруари 2025 (МИА)  -  Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека појасот Газа во моментов е „ненаселен“ поради опасности како што се неексплодирани мини и дека неговите жители ќе мора да живеат на друго место додека енклавата не се обнови.

Рубио, коментирајќи го ова прашање за време на неговата посета на Доминиканската Република, ги повика другите земји да понудат помош за обнова на Газа, но не кажа ништо за тоа дали Палестинците ќе можат да се вратат таму, според предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата и да ја обнови енклавата.

„Мислам дека тоа е реалноста: за да се поправи вакво место, луѓето ќе мора привремено да живеат на друго место“, рече Рубио.

Во исто време, информативниот портал Аксиос, повикувајќи се на израелски официјални лица, објави дека Рубио планира турнеја низ Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија и евентуално други земји од Блискиот Исток кон крајот на овој месец. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан