Рубио разговараше со европски колеги за Иран
- Американскиот државен секретар Марко Рубио, разговараше за Иран со неговите колеги од Франција, Германија и Велика Британија, соопшти американскиот Стејт департмент.
Вашингтон, 27 август 2025 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио, разговараше за Иран со неговите колеги од Франција, Германија и Велика Британија, соопшти американскиот Стејт департмент.
- Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, и британскиот секретар за надворешни работи, Дејвид Лами … сите ја повторија својата посветеност да обезбедат Иран никогаш да не развие или да се стекне со нуклеарно оружје, се вели во кратката изјава од Стејт департментот.
Дипломатите велат дека трите европски земји се подготвени да почнат со повторно воведување санкции против Иран поради прекршувањата на нуклеарниот договор од 2015 година, барајќи од инспекторите на ОН да им биде дозволен пристап до локациите за збогатување. јт/
Фото: МИА архива