• петок, 05 декември 2025

Рубио: Нападот на Израел врз член на Исламски џихад не е кршење на примирјето

Рубио: Нападот на Израел врз член на Исламски џихад не е кршење на примирјето

Вашингтон, 27 октомври 2025 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека официјален Вашингтон не смета дека нападот и ликвидацијата на член на групата Исламски џихад во Појасот Газа е кршење на примирјето што го поддржуваат САД.

Израел соопшти дека во саботата извршил напад и ликвидација на член на групата Исламски џихад, која се сомничи дека планира напад на израелски војници.

Исламски џихад негира дека планирал напад.

- Ние тоа не го сметаме за кршење на примирјето. Тие имаат право на тоа ако постои непосредна закана за Израел. Сите посредници се согласни околу тоа прашање, изјави Рубио и додаде дека Израел не се откажал од правото на самоодбрана во рамките на договорот за примирје со Хамас. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан