РТК: Градоначалникот на Лепосавиќ влезе во општинската зграда
- Новоизбраниот градоначалник на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми влезе во својот кабинет во општинската зграда, јави Радио Телевизија Косово.

Лепосавиќ, 26 мај 2023 (МИА) – Новоизбраниот градоначалник на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми влезе во својот кабинет во општинската зграда, јави Радио Телевизија Косово.
Известувачката на РТК од Лепосавиќ, јави дека безбедносната ситуација сега е мирна и оти локалните Срби се разотишле.
На зградата на општината во Лепосавиќ веќе е поставено и косовското знаме.
Според РТК, косовската полиција ја отстранила и последната барикада во Лепосавиќ. јт/
Фото: Твитер скриншот