• недела, 22 декември 2024

РСБСП: Неправилното паркирање - причина за голем број сообраќајки

РСБСП: Неправилното паркирање - причина за голем број сообраќајки

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат деца, пешаци и велосипедисти. Возачот, односно сопственикот на возилото, не смее да запре или паркира возило на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од 10 метри од тие премини, на крстосница и на оддалеченост помала од 10 метри од најблискиот раб на напречниот коловоз, наведува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во денешното соопштение.

- Потоа, не смее да запре или паркира на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од 15 метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници, на место каде возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци, на велосипедска патека, односно лента, на тротоар, односно пешачка патека. Исто и на дел од јавен пат, односно на оддалеченост помала од 15 метри од премин на патот преку железничка пруга во исто ниво, на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот, на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со што е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај, набројува РСБСП.

Да не се запира или паркира и на место, се истакнува, каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило, пред влез во објект, двор или гаража, на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови, на места предвидени за движење и паркирање возила на лица со посебни потреби, на паркинг место што со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот, е обележано место за паркирање возила за лица со посебни потреби и така натаму.

- РСБСП упатува апел да се покаже грижа за безбедноста на децата, пешаците, велосипедистите, лицата со посебни потреби и другите учесници во сообраќајот. Луѓето да паркираат совесно и одговорно, апелира РСБСП. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан