• недела, 17 ноември 2024

Раководството и симпатизери на „Вреди“ славеа на плоштадот во Тетово

Раководството и симпатизери на „Вреди“ славеа на плоштадот во Тетово

Тетово, 8 мај 2024 (МИА) - На плоштадот „Илирија" во Тетово, раководството и симпатизерите на албанската опозициска коалиција „Вреди“ ја славеа, како што рекоа, победата на парламентарните избори.

Лидерот на БЕСА Биљал Касами изјави дека коалицијата „Вреди“ е победник во сите општини со мнозинско албанско население и дека од утре почнуваат преговорите за нова влада со ВМРО-ДПМНЕ.

На плоштадот во Тетово се славеше со тапани и огномети, а имаше и зголемено полициско присуство. фф/бак/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан