• четврток, 19 декември 2024

Роча на чело на шпанскиот фудбал

Роча на чело на шпанскиот фудбал

 

Мадрид, 26 април 20204 (МИА) – Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Педро Роча е избран денеска за нов челник на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Во четвртокот, шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан