• петок, 05 декември 2025

Ротари клубови од Скопје донираа опрема за противпожарната единица во Берово

Ротари клубови од Скопје донираа опрема за противпожарната единица во Берово

Берово, 14 октомври 2025 (МИА) – Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Берово денеска доби вредна донација од Ротари клуб Скопје – Исток и Ротари клуб Скопје – Запад, наменета за подобрување на условите за работа на пожарникарите.

Донацијата опфаќа специјализирана опрема за зголемување на ефикасноста и безбедноста при интервенции на терен, што, како што истакнаа од Општина Берово, ќе придонесе за поголема подготвеност и брзина на делување во итни ситуации.

-Со оваа донација значително се унапредуваат условите за работа на нашите пожарникари и се зголемува нивната оперативна способност. Голема благодарност упатуваме до Ротари клуб Скопје – Исток и Ротари клуб Скопје – Запад за нивната општествено одговорна иницијатива и поддршка, со која заеднички градиме побезбедна и посолидарна заедница, наведуваат од Општина Берово.

Со вакви активности, како што додаваат, се зајакнуваат капацитетите на локалната противпожарна служба и се поттикнува соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор во справување со предизвиците од природни и техничко-технолошки несреќи.

Заедно градиме побезбедна и посолидарна заедница, порачаа од Општина Берово.  вс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан