• петок, 22 ноември 2024

Роналдо ќе разговара за својата иднина со шефот на Манчестер јунајтед

Роналдо ќе разговара за својата иднина со шефот на Манчестер јунајтед
Манчестер, 26 јули 2022 (МИА) - Кристијано Роналдо треба да се сретне со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, за да разговара за неговата иднина во клубот, пренесува „ББЦ“ Португалецот се врати во Манчестер откако не се пријави на стартот на подготовките и поради семејни причини ја пропушти турнејата во Тајланд и Австралија. Тен Хаг рече дека разговарал со Роналдо пред турнејата, објаснувајќи дека разговорот се одвивал добро. - Тоа е меѓу Кристијано и мене. Она што можам да го потврдам е дека имавме навистина добар разговор заедно, рече тој. Отсуството на Роналдо од турнејата ги поттикна шпекулациите за неговата иднина, откако тој, исто така, го пропушти враќањето на предсезонскиот тренинг на клубот во Карингтон. ар/

Остани поврзан