Роналдо на 37-от роденден: Животот е ролеркостер, на крајот сè се сведува на вредности кои јасно покажуваат дека трудот вреди
- Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо им се заблагодари на навивачите за честитките по повод неговиот 37-ми роденден.

Манчестер, 6 февруари 2022 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо им се заблагодари на навивачите за честитките по повод неговиот 37-ми роденден.
- Животот е како ролеркостер. Напорна работа, високо темпо, напорни цели, големи очекувања... Но, на крајот сè се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството - вредности кои јасно покажуваат дека сите напори вредат.
Ви благодарам за честитките! 37, и ова не е граница! - напиша Роналдо на Инстаграм, објавувајќи фотографија со својата придружничка Георгина Родригез и роденденска торта.
Претходно Роналдо изјавуваше дека има намера професионално да игра фудбал најмалку уште 4-5 години. зс/