• петок, 10 мај 2024

Роналдо го постигна првиот гол во тековната сезона

Роналдо го постигна првиот гол во тековната сезона
Кишињев, 15 септември 2022 (МИА) - Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во сезоната 2022/23. Во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лига Европа против Шериф, напаѓачот на Манчестер Јунајтед реализираше пенал во 39. минута. Пред вечерашната средба во Кишињев, 37-годишниот напаѓач имаше серија од седум натпревари без голови или асистенции за клубот во сите натпреварувања оваа сезона. Сепак, треба да се потенцира дека Роналдо само три пати беше во почетниот состав на „црвените ѓаволи“. Манчестер јунајтед го победи Шериф со 2:0, пред Роналдо гостинската мрежа ја затресе Џејдон Санчо. Ова е прва победа за тимот од „Олд Трафорд“ во двете почетни кола од Лигата на Европа. зс

Остани поврзан