• петок, 05 декември 2025

Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година

Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година

Ријад, 26 јуни 2025 (МИА) - Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо официјално потпиша нов договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија до 2027 година, објави клубот. 

Роналдо беше претставен со посебен видео клип, во кој шета на плажа и на крајот вели пред камерата: „Ал-Наср засекогаш!“

Самиот Португалец даде повод за некои шпекулации, бидејќи по завршувањето на минатата сезона рече дека едно поглавје е затворено, и треба да се отвори ново, што многумина го поврзаа со промена на неговата клупска припадност.

Исто така, се зборуваше дека Кристијано Роналдо сака да игра на Светското клупско првенство и ќе избере друга средина, но одлучи да остане лојален на тимот во кој играше во последните неколку години.

Со новиот договор, тој ќе остане во Саудиска Арабија до 42 години. дс

Фото: Архива

Остани поврзан