• понеделник, 13 мај 2024

Рома заинтересирана за Киеза

Рома заинтересирана за Киеза

 

Рим, 22 април 2024 (МИА) – Фудбалскиот клуб Рома и нејзиниот тренер Даниеле Де Роси се заинтересирани да го доведат напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза, пренесуваат италијанските медиуми.

Весникот „Тутоспорт“ потсетува дека Де Роси соработуваше со Киеза во италијанската репрезентација каде му беше помошник на селекторот Роберто Манчини на ЕП 2021 година.

Киеза на завршниот турнир постигна два гола на седум натпревари, а Италија го освои Европското првенство.

Де Роси го продолжи договорот со Рома и ќе остане во клубот до крајот на сезоната 2024/2025. Од друга страна, Киеза има договор со Јувентус до јуни 2025 година, а раководството на клубот од Торино ќе разговара со неговиот менаџер за продолжување на соработката.

За Киеза е заинтересиран и премиерлигашот Њукасл.

Киеза постигна осум гола и имаше две асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан