• петок, 12 јули 2024

Романскиот претседател Клаус Јоханис пред Врховниот совет за национална одбрана ќе го претстави својот став за кандидатурата за генерален секретар на НАТО

Романскиот претседател Клаус Јоханис пред Врховниот совет за национална одбрана ќе го претстави својот став за кандидатурата за генерален секретар на НАТО

Букурешт, 19 јуни 2024 (МИА) - Романскиот претседател Клаус Јоханис ќе го објави својот став за неговата кандидатура за генерален секретар на НАТО на Врховниот совет за национална одбрана на земјата, што ќе се состане утре (20 јуни). Ова им го соопшти самиот шеф на државата на новинарите за време на заедничката прес-конференција со неговиот италијански колега Серџо Матарела, кој е во посета на Букурешт.  
Клаус Јоханис прецизираше дека по седницата на Советот и тој јавно ќе ја соопшти одлуката донесена на таа тема.

Запрашан дали тој се уште ќе ја задржи кандидатурата за лидер на НАТО, имајќи предвид дека Унгарија и Словачка ја објавија својата поддршка за Марк Руте, а Романија останува единствената земја во алијансата што не објави поддршка за холандскиот премиер, Јоханис рече:

„Утре повеќе за НАТО. Можам да ве уверам дека утре попладне ќе имате јасност“.

Ова е прво јавно појавување на Клаус Јоханис откако други лидери на НАТО ја објавија својата поддршка за Марк Руте како генерален секретар на алијансата. зш/

Остани поврзан