• четврток, 04 декември 2025

Романскиот премиер Илие Боложан избран за претседател на Национално - либералната партија

Романскиот премиер Илие Боложан избран за претседател на Национално - либералната партија

Букурешт, 13 јули 2025 (МИА) - На вонреден конгрес на Романската Национално-либерална партија (НЛП) денеска актуелниот премиер Илие Боложан е избран за претседател на партијата, објави романската агенција Аџерпрес.

Боложан, кој досега беше привремен претседател на партијата, а на крајот на јуни оваа година ја презеде функцијата премиер на земјата, беше единствениот кандидат за функцијата претседател на НЛП.

Каталин Предоиу, Адриан Вечеа, Николета Паулиук и Чипријани Чиук се избрани за заменик-претседатели на партијата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан