• петок, 22 ноември 2024

Романската Влада купува таблети за 250.000 ученици кои не можат да си ги дозволат

Романската Влада купува таблети за 250.000 ученици кои не можат да си ги дозволат
Букурешт, 8 мај 2020 (МИА) - Романската Влада денеска усвои одлука за издвојување на 150 милиони леи (31 милиони евра) од владините резерви за купување на околу 250.000 таблети со пристап до Интернет за ученици кои не можат да си дозволат таков апарат, соопшти шефот на Кабинетот Јонел Данка. Тој објасни дека таблетите ќе бидат поделени на ученици кои не се во можност да учествуваат во онлајн наставата, која беше воведена во март поради епидемијата на Ковид-19. Министерката за образование Моника Анисие изјави дека побарала од училишните инспекторати да ги централизираат податоците за учениците кои немаат неопходна опрема за да учествуваат во учење преку Интернет. Според собраните податоци, станува збор за 250.000 ученици, информира таа. - Со набавката на електронските уреди ќе се олесни учењето на далечина за децата во неповолна положба, рече министерката. Училиштата во Романија беа затворени на 11 март, а романскиот претседател Клаус Јоханис минатиот месец соопшти дека нема да бидат отворени до крајот на учебната година. јт/

Остани поврзан