• петок, 28 јуни 2024

Романија одлучува дали ќе го обезбеди системот Патриот на Украина

Романија одлучува дали ќе го обезбеди системот Патриот на Украина

Букурешт, 20 јуни 2024 (МИА) - Врховниот совет за национална одбрана на Романија денеска ќе се состане под раководство на претседателот Клаус Јоханис, а меѓу темите на дневниот ред е и анализа на можноста Романија да и го обезбеди на Украина системот за противвоздушна одбрана „Патриот“.

На состанокот во мај, романскиот Јоханис го увери американскиот претседател Џо Бајден дека Романија ќе најде решение за да обезбеди еден систем Патриот на Украина. Во исто време, Јоханис истакна дека за тоа прашање треба да разговара Врховниот совет за национална одбрана и да видиме што ќе добие земјата за возврат, бидејќи „неприфатливо е Романија да остане без воздушна одбрана“.

Минатата недела Романија го пушти во употреба вториот ракетен систем Патриот од вкупно седум комплекси за кои земјата потпиша договор во 2017 година со американскиот производител на оружје Raytheon во вредност од 3,9 милијарди долари.зш/

Остани поврзан