• петок, 12 јули 2024

Родри: Уверени сме дека можеме да ја победиме Англија

Родри: Уверени сме дека можеме да ја победиме Англија

Берлин, 12 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот играч од средниот ред Родри е убеден дека тој и неговите соиграчи можат да победат во финалето на УЕФА ЕУРО 2024 против Англија.

-Сите во репрезентацијата на Шпанија имаат верба дека можеме да ги победиме, изјави тој во интервју за „АС“.

На прашањето кој Англичанец би го издвоил, Родри вели дека тимот има многу квалитетни играчи.

-Ми се допаѓа Фил Фоден бидејќи го познавам, тој ми е соиграч. Фоден е играч кој треба многу внимателно да се чува бидејќи има вродена способност да се движи на мали простори, но има многу други фудбалери кои можат да не казнат, додаде шпанскиот фудбалер.

Финалето меѓу Шпанија и Англија се игра на 14 јули (недела) од 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан