Родри останува во Манчестер сити до 2027 година
- Манчестер сити најави продолжување на договорот со играчот од средниот ред Родри. Новиот договор со 26-годишниот Шпанец е со важност до крајот на јуни 2027 година.
Манчестер, 12 јули 2022 (МИА) - Манчестер сити најави продолжување на договорот со играчот од средниот ред Родри. Новиот договор со 26-годишниот Шпанец е со важност до крајот на јуни 2027 година.
- Преселбата во Манчестер сити е најдобрата одлука во мојата кариера. Ми се допадна клубот од првата секунда. Навивачите ме примија многу добро. Совршено го подигнав своето ниво, сакам да му се заблагодарам на Хосеп Гвардиола и неговиот персонал за ова. Тие ќе ми помогнат да го максимизирам мојот потенцијал, ја ценам нивната работа, изјави Родри, за официјалниот сајт на англискиот клуб.
Родри му се приклучи на Манчестер сити од Атлетико Мадрид во јули 2019 година.
Минатата сезона фудбалерот постигна седум гола и направи две асистенции на 46 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања. зс/