• петок, 22 ноември 2024

Родители од Љубљана го пријавиле своето дете во полиција бидејќи купил пиротехника

Родители од Љубљана го пријавиле своето дете во полиција бидејќи купил пиротехника

Љубљана, 13 декември 2023 (МИА) - Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1.

„Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди“, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.

„Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта“, објаснуваат од полицијата. Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.

„Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства“, велат од полициската управа Љубљана. ссм/

фото: архива

Остани поврзан