• среда, 24 април 2024

Ришарлисон: Не бев водач на бунтот во Тотенхем

Ришарлисон: Не бев водач на бунтот во Тотенхем

Лондон, 1 април 2023 (МИА) – Бразилскиот напаѓач Ришарлисон ги демантираше наводите во британските медиуми дека бил „водач на бунтот“ против италијанскиот тренер Антонио Конте, кој претходно оваа недела доби отказ на клупата на Тотенхем.

„Не прифаќам кога говорите лаги за мене. Секогаш имав големо почитување за Конте“, напиша 25-годишниот бразилски репрезентативец на социјалните мрежи.

„Не бев водач на бунтот против него, беше сосема спротивното. Жалам што не прикажав онолку колку што очекуваше од мене и не сторив доволно за да остане“, додаде Ришарлисон.

Лондонскиот премиерлигаш пред неколку денови ја прекина соработката со Конте, кој по ремито (3-3) против Саутемптон остро ги критикуваше своите играчи, но и клупското раководство. ег/сд/

Остани поврзан