• недела, 22 декември 2024

Рис Џејмс ќе го пропушти Светското првенство поради повреда

Рис Џејмс ќе го пропушти Светското првенство поради повреда
Лондон, 16 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс заработи повреда на коленото на натпреварот од Лигата на шампионите против Милан (2:0). Според официјалниот сајт на клубот, 22-годишниот англиски десен бек ќе биде на рехабилитациона програма која се очекува да трае два месеца. Тоа значи дека Џејмс ќе го пропушти Светското првенство во Катар во 2022 година, кое ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Претходно беше објавено дека десните бекови на Англија, Кајл Вокер и Трент Александер-Арнолд исто така се надвор од терените поради повреди и може да го пропуштат Мундијалот 2022. Џејмс оваа сезона одигра 11 натпревара за Челзи, постигнувајќи два гола и две асистенции. зс/

Остани поврзан